Добредојдовте на www.life1.page.tl
Навигации  
  Дома
  Маркетинг
  Мини форум
  Забава
  Софтвер
  Спорт
  Игротека
  .
Забава

Зошто зевањето е "заразно"?


Зевањето е механизам за ладење на мозокот а туѓото зевање го доживуваме како аларм да го заштитиме и својот мозок од прегревање па затоа најчесто инстинктивно се придружуваме кон зевот на блискиот. Зошто тогаш зеваат и оние - да бидеме реални - кај кои нема никаква опасност мозокот да им прегрее, науката не знае да објасни.

Американски истражувачи им пуштале видео снимки со луѓе кои зеваат на две групи студенти, од кои едните дишеле на уста а другите на нос. "Заразата" ги фаќала само првите затоа што дишењето на нос и онака е ефикасен метод за ладење на мозокот.

Повторниот експеримент се содржел во пуштање на истите снимки на студенти кои држеле мраз на челото. Никој не зевнал по што научниците заклучиле дека зевањето е механизам за ладење на мозокот.

За подобро функционирање, на мозокот му е потребно повремено да се олади во текот на денот. Со зевањето доведуваме "ладна крв" во мозокот и со тоа го спречуваме да ни "прокува".




Арабија: 100 годишник се ожени за 19 годишна!

 

 

Еден човек од Саудиска Арабија на својот 100-ти роденден се ожени за 19 годишна девојка со која сака да има полно деца.
На големата роденденска и свадбена прослава, стогодишникот на жена му и изјавил дека сонува за тоа да има многу деца со неа.
Старецот додал дека "машината" сеуште работи, и дека неговата способност е достојна за да ја обавува брачната должност - беспрекорно!

 


vesti - boris


Пивото не дебелее, чоколадата не предизвикува акни...



Од кафе може да дехидрирате

Не постојат никакви медицински испитувања кои можат да го потврдат ова. Вистина е дека кафето има големо лаксативно дејство, но не повеќе од водата. Истражувањата потврдиле дека кафето во нормални количини (два до три филџани), не штети на здравјето, ја подобрува перцепцијата, концентрацијата и ја намалува главоболката.

Пиењето друга течност по млеко предизвикува стомачни проблеми
Вистина е дека млечната лактоза може да предизвика проблеми со варењето кај некои лица но тоа не значи дека ако се напиете нешто откако сте испиле млеко ќе легнее болни.

Свежите јајца се похранливи од варените
Иако многу спортисти претеруваат во конзумирањето свежи јајца за да ја подобрат својата физичка сила и мускулатура, варените се сепак поздрави. Ако јадеме живи јајца се изложуваме на разни бактерии кои се елиминираат при термичката обработка на јајцата.

Пивото дебелее
Обвинувањето за "пивски стомак" е неправедно. Нутриционистите сметаат дека умерената конзумација на пиво е добра за здравјето. Чашата пиво има само 90 калории, многу помалку отколку газираните пијалаци.

Интегралните продукти помагаат при слабеењето
Интегралното брашно и житарки имаат речиси ист број калории како и преработеното, но се поздрави бидејќи имаат повеќе минерали. Не помагаат при губењето на килограми, но го подобруваат варењето и елиминацијата на токсини.

 


Чоколадата предизвикува акни
Какаото, главната состојка на чоколадата, е добар извор на енергија, антиоксиданси и минерали. Меѓутоа, таа не треба да се комбинира со млеко бидејќи се удвојува количината на мрснотии и калории. Иако не постојат докази дека чоколадата предизвикува појава на акни, вистина е дека кај некои лица има токсично дејство, што се одразува со појава на акни. Ова нема никаква врска со младешките акни, туку со акните кои се појавуваат кај лица кои внесуваат многу мрснотии.


Вежби против компјутер
E
кстра корисно .pps парче за сите оние кои долго остануваат на компјутер. Не е лошо да си го зачувате и одвреме-навреме да се потсетувате на него. Се работи за ергономски совети како да ги избегнете проблемите кои ги предизвикува повеќечасовното чмаење пред компјутер. Кои точки на телото се на удар, на што да внимавате во позицијата на телото и локацијата на уредот како и неколку кратки вежби на кои треба да одвојувате по 5 минути за да ги избегнете професионалните проблеми од овој тип. Само вие заебавајте се, кај мене на работа веќе почнаа да шетаат инвалиди


Гратис фаци

Пред да ги искористат поволностите на настанот наречен “Грдите влегуваат бесплатно”,
посетителите најнапред морале да го поминат тестот воден од специјално назначен “судија за грди”.
Тој ги споредувал нивните лица, со зголемени фотографии на познати личности кои важат за особено грди суштества,
како што се Мерилин Менсон и Кели Озборн.

Но, на листата со правила постоело и такво кое автоматски ги дисквалификувало оние кои се “истакнуваат” со неподнослива грозотија,
поради можноста да го одвлекуваат вниманието и да бидат многу пострашни од самата изложба. 

Со цел да ги спречат можните навреди и понижувања, организаторите на настанот се потрудиле сето тоа да има голема доза на хумор.

Коментари